Правила и услови
Правила и услови
Овие правила и услови („Услови“, „Договор“) се договор меѓу операторот на веб- страница („веб-оператор“, „нас“, „ние“ или „наш“) и вас („Корисник“, „вие“ или „ваш "). Овој договор ги утврдува општите услови за користење на веб-страницата на europeanfilmchallenge.eu и неговите производи или услуги (колективно, „веб- страница“ или „Услуги“).
Кориснички сметки и членство
Мора да имате најмалку 18 години за да ја користите оваа веб-страница. Со користење на оваа веб-страница и согласувајќи се на овој Договор, вие гарантирате и потврдувате дека имате најмалку 18 години. Ако креирате корисничка сметка на ‘European Film Challenge’ („Европски филмски предизвик“), вие сте одговорни за одржување на безбедноста на вашата сметка и сте целосно одговорни за сите активности што се случуваат на сметката и за сите други дејствија преземени во врска со тоа. Би можеле, но немаме обврска да ги следиме и прегледуваме новите кориснички сметки пред да се најавите и да ги користите нашите услуги. Давањето лажни информации за контакт од кој било вид може да резултира со прекинување на вашата сметка. Веднаш мора да нѐ известите за каква било неовластена употреба на вашата сметка или за какви било други нарушувања на безбедноста. Ние нема да бидеме одговорни за какви било дела или пропусти од ваша страна, вклучително и какви било штети направени како резултат на вакви дела или пропусти. Може да ја суспендираме, оневозможиме или избришеме вашата корисничка сметка (или кој било дел од неа) ако утврдиме дека сте прекршиле која било одредба од овој Договор или доколку вашето однесување или содржини можат да ја нарушат нашата репутација и добра волја. Ако ја избришеме вашата сметка од горенаведените причини, нема да можете повторно да се регистрирате за нашите Услуги. Можеме да ја блокираме вашата е-мејл адреса и Интернет протокол за да спречиме понатамошна регистрација.
Корисничка содржина
Ние не поседуваме никакви податоци, информации или материјал („Содржини“) што ги доставувате на Интернет-страницата во текот на користењето на European Film Challenge’ („Европски филмски предизвик“). Единствено Вие сте одговорни за точноста, квалитетот, интегритетот, законитоста, веродостојноста, соодветноста и сопственоста на интелектуална сопственост или правото на користење на целата додадена содржина. Би можеле да ја следиме и прегледуваме содржината на веб- страницата што сте ја додале или креирале преку користење на нашите услуги. Освен ако вие посебно не сте одобриле, вашето користење на веб-страницата не ни дава дозвола да ја употребуваме, репродуцираме, адаптираме, модифицираме, објавуваме или дистрибуираме Содржината што вие сте ја креирале или ја чувате на вашата корисничка сметка за комерцијални, маркетинг или слични намени. Но, ни давате дозвола за пристап, копирање, дистрибуција, складирање, пренесување, реформатирање, прикажување и извршување на содржината на вашата корисничка сметка само како што се бара со цел да ви обезбедиме услуги. Без ограничување на која било од овие репрезентации или гаранции, ние имаме право, иако не и обврска, по наше дискреционо право, да одбиеме или отстраниме каква било содржина што, според наше разумно мислење, нарушува каква било наша политика или на кој било начин е штетна или непристојна.
Резервни копии
Редовно правиме копии на веб-страницата и содржината и ќе дадеме се од себе за да обезбедиме комплетност и точност на овие резервни копии. Во случај на дефект на хардверот или губење на податоци, автоматски ќе ги вратиме резервните копии за да ги минимизираме влијанијата и прекините.
Линкови до други веб-страници
Иако оваа веб-страница може да се поврзе со други веб-страници, ние директно, или индиректно, не подразбираме согласност, здружување, спонзорство, одобрување или спојување со поврзани веб-страници, освен ако овде не е наведено специфично. Ние не преземаме никаква одговорност или одговорност за постапките, производите, услугите и содржината на која било друга трета страна. Треба внимателно да ги разгледате законските изјави и другите услови за користење на која било веб-страница на која пристапувате преку линк од оваа веб-страница. Поврзувањето со која било друга веб-страница е на ваш сопствен ризик.
Измени и дополнувања
Го задржуваме правото во секое време да го измениме овој Договор или неговите политики во врска со веб-страницата или услугите, ефективно со објавување на ажурираната верзија на овој Договор на веб-страницата. Кога ќе го направиме тоа, ќе го ревидираме ажурираниот датум на дното на оваа страница. Континуираната употреба на веб-страницата по какви било промени значи дека се согласувате со вакви измени.
Прифаќање на овие услови
Вие потврдувате дека сте го прочитале овој Договор и се согласувате со сите негови услови и околности. Со користење на веб-страница или нејзините услуги, вие се согласувате дека сте обврзани со овој Договор. Ако не се согласувате да се придржувате кон условите на овој Договор, вие немате овластување да ја користите или да пристапувате до Интернет-страницата и нејзините услуги.
За натпреварот
- European Film Challenge’ („Европски филмски предизвик“) се одвива во ограничен временски период во Босна и Херцеговина, Литванија, Латвија, Естонија, Португалија, Србија, Шпанија, Северна Македонија и Италија. Тековната рунда на натпреварот е отворена за учество од 8 март 2021 година до 17 мај 2021 година.
- Првата награда на тековниот натпревар е посета на меѓународниот филмски фестивал во Кан (Кански Филмски Фестивал). Ние ќе ги покриеме трошоците за летот, сместувањето и акредитацијата или билетите на победниците. Сите други трошоци треба да го покријат победниците. Во случај овој фестивал да биде откажан поради ситуацијата со вирусот Ковид-19 или доколку постојат рестрикции за патување на победникот ќе му биде понудена материјална награда.
- Мора да гледате 10 различни европски филмови во текот на периодот на натпреварот за да бидете земени во предвид за освојување на првата награда. За европски филмови се сметаат филмовите кои поттекнуваат од земјите- членки на ЕУ, учесниците на програмата Креативна Европа МЕДИА (Исланд, Норвешка, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Грузија, Молдавија, Република Северна Македонија, Србија и Украина) и Швајцарија.
- Мора да имате најмалку 18 години за да се регистрирате на www.europeanfilmchallenge.eu. Со користење на оваа веб-страница и согласувајќи се на овој Договор, вие гарантирате и потврдувате дека имате најмалку 18 години и живеете во Босна и Херцеговина, Литванија, Латвија, Естонија, Португалија, Србија, Шпанија, Северна Македонија и Италија.
- Ако ги исполнувате овие услови, можете да учествувате на натпреварот, со исклучок на оние лица кои победиле на European Film Challenge во изминатите три години.
- За да учествувате, мора да ги следите следните чекори:
- Регистрирајте се / Пријавете се на https://europeanfilmchallenge.eu/mk
- Гледајте 10 европски филмови
- За секој филм, мора да го прикачите насловот на филмот заедно со фотографија што докажува дека сте го гледале филмот и да го наведете местото или платформата на која сте го гледале.
- Вашето учество мора да го споделите јавно барем на една од вашите социјални мрежи (Фејсбук, Инстаграм, ЈуТјуб или Твитер) или на вашата веб-страница со хаштагот #europeanfilmchallenge.
- Прикачената фотографија мора да покаже каде е гледан филмот, на пример, фотографија од билет за кино, фотографија од кино, екран на користениот уред, порака со која се потврдува купување на филмот на Интернет, слика на екран или каква било друга слика што потврдува дека филмот е гледан легално. - Филмовите мора да се гледаат на легална платформа. Платформата се смета за легална доколку нејзината содржина е договорена со сопственикот(те) на правата на филмот.
- Само европски играни филмови имаат право на конкурсот. Игран филм е филм (вклучувајќи анимација и документарни филмови) кој е подолг од 52 минути.
- Можете да ја проверите земјата на производство на филмот во филмската базата на податоци „Европа кино“ http://www.europa- cinemas.org/en/Resources/Film-Database, базата на податоци на EACEA, https://eacea.ec.europa.eu/mediaPgm, Базата на податоци на филмови (TMDb) https://www.themoviedb.org/ или Базата на податоци на Интернет филмови (IMDb) http://www.imdb.com/
- Основен систем на бодување:
- 4 поени за секој европски филм. Филмот се смета за европски, кога барем една од земјите на продукција е европска.
- 3 поени за секоја различна платформа, на пр. кино, интернет, филмски фестивал, платена телевизија, бесплатна ТВ, ДВД, итн. Aкo платформата се повторува нема да добиете поен при нејзиното дополнително користење.
- Ние го задржуваме правото да не дадеме поени за одреден филм доколку информациите не се точно наведени. - Дополнителни поени: Секоја земја има право да даде или одземе дополнителни поени за својата територија во текот на целиот период на натпреварување. Дополнителните поени ќе бидат објавени на барем еден комуникациски канал на натпреварот.
- По објавувањето на крајот на натпреварот, се прави ревизија на бодовите на сите учесници. Во случај двајца или повеќе учесници да соберат ист број поени, го задржуваме правото да го избереме крајниот победник.
- За системот за оценување, ќе се повикаме на информациите дадени од официјалните бази на податоци на филмови, наведени погоре.
- Го задржуваме правото да го дисквалификуваме секое лице од натпреварот кое очигледно ги крши правилата.
- Дозволено е да го замените секој додаден филм со нов до 10 дена пред крајот на натпреварот. Со бришење филм, ќе ги изгубите сите бодови, вклучувајќи ги дополнителните поени што сте ги добиле за тој филм.
- Натпреварот е во организација на компаниите „The Film Agency“, „Kino metropolis“, „Kino Bize“, „Beldocs“, „Aerofilms“, „Здружение на филмски работници на БиХ“ и „БЛИНК 42-21“. Постојано вработените во компаниите што се дел од натпреварот не може да се натпреваруваат за првата награда.
- Со учеството во натпреварот, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со правилата. Правилата на натпреварот и други информации може да се најдат на веб-страницата www.europeanfilmchallenge.eu
- Со учеството во натпреварот, дозволувате употреба на прикачените фотографии за какви било цели за кои сметавме дека се релевантни за натпреварот.
- Го задржуваме правото да ги промениме условите на натпреварот, откако ќе ги објавиме промените на веб-страницата www.europeanfilmchallenge.eu/mk
- Имаме право да ги објавиме името презимето на победниците, интервју во согласност со победникот и слики поврзани со натпреварот, без дополнителен надоместок или договор.
- Победниците ќе бидат објавени најдоцна во наредните 10 дена по завршувањето на натпреварот. Победниците ќе бидат контактирани преку е- пошта која ќе ја обезбедат на својата корисничка сметка.
- Ако победникот не одговори во рок од 5 дена откако ќе биде контактиран, имаме право да избереме и да објавиме нов победник.
- Наградата не може да се разменува за пари или за друга стока.
- За повеќе информации во врска со натпреварот, контактирајте го ‘European Film Challenge’ („Европски филмски предизвик“) на info@europeanfilmchallenge.eu.
- Ние ги собираме следниве информации за учесниците на натпреварот: име, презиме и е-пошта. Овие информации се чуваат во главниот запис на учесниците до крајот на рундата на натпреварот. Личните информации се собираат со цел да се идентификуваат учесниците и да се спроведат одредени активности вклучително (но не ограничувајќи се на): обработка на регистрација; одржување на корисничките сметки на учесниците; испраќање информативни пораки и известувања со согласност на учесниците; и комуникација на информации за натпреварот за кои сметаме дека може да бидат од интерес на учесниците. Секоја од компаниите, „The Film Agency“, “GRETA GARBO UAB“, „Kino Bize“, „Beldocs“, „Aerofilms“, „Здружение на филмски работници на БиХ“ и „БЛИНК 42-21“, соодветно, е одговорна за обработката на личните податоци на учесниците на територијата на која работат. Ние ги обработуваме личните податоци на учесниците врз основа на нивната согласност; сепак, вие може да ја повлечете таа согласност во секое време. Ако оваа согласност се однесува на примање е-пошта/билтени, можете да ја користите опцијата „откажување на претплатата“ на вашата е-пошта. Ако се однесува на известувања за апликации, може да ги исклучите известувањата за апликацијата користејќи ги поставките на уредот. Исто така. може трајно да ги избришете корисничките сметки на europeanfilmchallenge.eu. Кога ќе ја избришете вашата сметка, сите лични податоци што ги чуваме, а што се поврзани со учесникот, ќе бидат избришани.
Контакт
Доколку сакате да контактирате со нас за да разберете повеќе за овој Договор или сакате да контактирате со нас во врска со какви било прашања во врска со тоа, може да испратите е-пошта на info@europeanfilchallenge.eu
Овој документ последен пат беше ажуриран на 25 февруари 2021 година.