ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
Кој е одговорен за обработката на податоците?
Агенцијата за филм е главниот организатор на ‘European Film Challenge’ („Европски филмски предизвик“) и заедно со партнерите наведени подолу го промовира и управува со проектот.
- Kinobize (Латвија)
- Beldocs (Србија)
- Блинк 42-21 (Македонија)
- The Film Agency (Шпанија, Португалија и Италија)
- Greta Garbo, UAB (Литванија и Естонија)
- Association of Filmmakers in B&H (Босна и Херцеговина)
Правилата и условите за учество може да се најдат на следниов линк: https://europeanfilmchallenge.eu/terms
Комуникација:
За да може да управува со натпреварот во различни земји, Агенцијата за филм има партнери во секоја земја-учесничка, кои што ги чуваат податоците на учесниците во секоја земја.
Покрај тоа, во текот на процесот на регистрација, учесниците можат да дадат согласност да добиваат информации за ‘European Film Challenge’ („Европски филмски предизвик“) од наведените партнери.
Обработка, легитимирање и управување од страна на корисникот
Обработка што се спроведува во врска со учеството во натпреварот:
Од учесниците се бара да се регистрираат преку нивните профили на „Facebook“, од каде што се преземаат следниве информации:
- Јавен профил (име, профилна фотографија и други јавни информации)
- Список на пријатели
- Адреса на е-пошта.
Прикачените слики не треба да вклучуваат информации што можат да идентификуваат физички лица или да откријат доверливи информации.
Корисникот може да пристапи на приватниот профил и да ги уредува своите податоци, како и да го организира своето учество во натпреварот со фотографии.
Обработка што се спроведува во врска со испраќањето информации за кои учесникот може да биде заинтересиран.
Од информациите собрани во текот на регистрацијата на секој учесник, секој регионален партнер ги добива следниве информации за учесникот:
- Адреса на е-пошта.
- Име и презиме
Регионалниот партнер ќе ги контактира учесниците за подетално да ги информира за политиките за идентитет и приватност.
Корисникот може да пристапи на приватниот профил и да ја измени согласноста за известувањата што ги добива.
Согласност за обработка
Користењето на личните податоци е легитимно, бидејќи е неопходно за учеството во натпреварот. Дополнително, во текот на процесот на регистрација, учесниците даваат согласност со што ги прифаќаат условите на натпреварот и политиките за приватност. Останатиот дел од обработката, како што е испраќањето комерцијални соопштенија станува легитимно преку согласноста на учесникот, а таа се добива посебно од останатите податоци.
Остварување на правата
Учесниците можат слободно да го остварат правото на пристап до нивните лични податоци, правото да побараат измени или бришење, правото да барат ограничување на нивната обработка, правото да одбијат обработка и правото на пренесување на податоците преку писмено известување доставено преку е-пошта на следнава адреса info@europeanfilmchallenge.eu. Во двата случаи, заинтересираните корисници мора да вклучат копија од лична карта, пасош или друг важечки документ за идентификација. Доколку барањето за остварување на вашите права не се реши задоволително, може да доставите приговор до надлежниот орган за заштита на податоците во вашата земја.
Корисникот мора да има предвид дека остварувањето на некои од неговите/нејзините права може да не биде компатибилно со неговото/нејзиното учество во натпреварот за кој се регистрирал.
Безбедносни мерки
Личните податоци на корисникот се обработуваат само од страна на „Kino Metropolis“ и неговите партнери во најстрога доверливост, со примена на технички и организациски мерки за безбедност потребни за да се избегне загуба, неовластен пристап и кражба на личните податоци што се обработуваат.
„Колачиња“
Интернет страницата: www.europeanfimlchallenge.eu користи колачиња што се инсталираат во прелистувачот на корисникот, доколку е конфигуриран за тоа.
„Колаче“
Намена
Google Tag Manager
Ги анализира операциите на прелистувачот и ги подобрува неговите перформанси.
Google Analytics
Го анализира сообраќајот на интернет страницата и изготвува статистика.
Google Adsense
Ги персонализира рекламите што се доставуваат до нашите корисници.
DoubleClick
Ги персонализира рекламите што се доставуваат до нашите корисници.
Facebook Custom Audience
Ги персонализира рекламите што се доставуваат до нашите корисници.
Facebook Impressions
Ги персонализира рекламите што се доставуваат до нашите корисници.
Facebook Connect
Го поврзува профилот на „Facebook“ со платформата на „European Film Challenge“ за да има само еден процес на најавување.
Социјални мрежи
„Kino Metropolis“ ги поседува следниве профили на социјалните мрежи:
Social Networks
Link
Обработката на податоците е дозволена од самите социјални мрежи преку нивните сервиси, без „Kino Metropolis“ да презема лични податоци од социјалните мрежи и од следбениците и корисниците што не се опфатени во информациите поврзани со регистрацијата. Покрај тоа, „Kino Metropolis“ ги користи овие социјални мрежи за информирање за натпреварот, почитувајќи ги правните услови утврдени од сопствениците на социјалните мрежи.