Среќниот ФИЛМОФИЛ Владимир Смиљковски ќе зачекори на црвениот тепих во Кан
Десетонеделниот Европски филмски предизвик #EuropeanFilmChallenge кој започна на 8ми март, заврши на 17ти мај . Среќниот учесник со најмногу освоени поени, вкупно 145, ја добива можност да отпатува во Кан и билет за црвениот тепих на Канскиот Филмски Фестивал 2021.
Десетте европски филмови кои му донесоа победа на Владимир се: „Cocoon“, „Another Round“, „Јас сум од Титов Велес“ („I am from Titov Veles“), „Прашина“ („Dust“), „Пред дождот“ („Before the Rain“), „Медена земја“ („Honeyland“), „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ („God Exists, Her Name Is Petrunija“), „Хомо“ („Homo“), „Врба“ („Willow“) и „18% Сиво“ („18% Grey“).