Филмови од Берлинскиот филмски фестивал кои мора да се погледнат

Документарниот филм On the Adamant ја доби Златната мечка, но европската телевизиска мрежа Euronews креираше и посебна листа од кинематографски парчиња кои е пожелно да ги погледнете.

Берлинскиот филмски фестивал е еден од најголемите светски филмски фестивали во светот и неговото 73. издание се одржа од 16 до 26 февруари. Драган Ристовски кој беше победник од нашата земја на Европски филмски фестивал го посети овој реномиран настан и погледна повеќе филмови меѓу кои и Suzume, Mutt, Der vermessene Mensch, Mal Viver и Disco Boy.

Документарниот филм On the Adamant ја доби Златната мечка, но европската телевизиска мрежа Euronews креираше и посебна листа од кинематографски парчиња кои е пожелно да ги погледнете.

Past Lives - Минати животи

Двајца добри пријатели од детството се разделени откако семејството на Нора емигрира во Јужна Кореја. Дваесет години подоцна тие повторно се сретнуваат во тек на една надежна недела додека се соочуваат со сознанието за љубов и судбина. „Минати животи“ влезе во конкуренција за најдобар филм на Берлиналето.

Totem – Тотем

Седумгодишната Сол го минува денот во домот на нејзиниот дедо помагајќи со подготовките за изненадната забава за татко ѝ. Во тек на денот, хаосот полека надвладува разрушувајќи ги темелите на семејството.

El eco – Ехо

Овој документарен филм е лоциран во оддалечена мексиканска планинска заедница и е интимен и интелегентен поглед на тој начин на живот. Татјана Хуезо ја доби наградата за најдобра режисерка додека ова дело беше прогласено за најдобар документарен филм.  

Suzeme – Суземе  

Станува збор за аниме во кое главен лик е 17-годишната Суземе која му помага на мистериозен млад човек да ги затвори портите кон другата страна од каде влегуваат катастрофи низ цела Јапонија.

Afire – Пожар

Група на пријатели додека престојуваат во викенд кукучка на Балтичкото море, но емоциите се „разгоруваат“ додека шумата која е во близина се запалува.

Reality – Реалност

Поранешен американски специјалист за разузнавање добива најдолга казна поради неавторизирано споделување на владини информации кон медиумите околу руското вклучување во изборите во САД во 2016 години преку емејл операција.

Talk to Me – Зборувај со мене

Кога група на пријатели откриваат како да повикуваат духови стануваат „зависни“ од возбудата сè додека еден од нив не отиде предалеку и сосема случајно „ослободи“ надчовечки моќи.

Infinity Pool – Бескраен базен

Додека одмораат во изолирано одморалиште на остров, Џејмс и Ема уживаат во совршен одмор на недопрени плажи со исклучително љубезни домаќини. Но, водени од заводливата и мистериозна Габи, тие излегуваат од одморалиштето и стигнуваат во средина полна со насилство, хедонизам и ужас ...

Hello Dankness

Составен од стотици филмски клипови слики од медиуми, режисеркото дуо ја води нарацијата низ промените кои се рефлектираат на американското општество за време и по Доналд Трамп.