Драган Ристовски ќе патува на Берлинскиот филмски фестивал
Драган Ристовски годинава ќе патува на Берлинскиот филмски фестивал како победник на овогодинешниот Европски филмски предизвик со 182 освоени поени.
Иако неговата професија е врзана со технологија и работи во телекомуникациски провајдер во Скопје, Драган Ристовски вели дека е голем филмофил и своето слободно време сака да го посвети на добри филмови. Годинава ќе патува на Берлинскиот филмски фестивал како победник на овогодинешниот Европски филмски предизвик со 182 освоени поени.
Филмовите кои го однесоа до победа се: „Од рајот“ (Heavens Above), „Сестри“ (Sisterhood), „Дедо и внук“ (Grandfather and Grandson), „Незаборавна пролет во заборавено село“ (An Unforgettable Spring in a Forgotten Village), „Мими“ (Mimi), „Балканот не е мртов“ (Balkan is not dead), „Снежана умира на крајот“ (Snow White dies at the end, „Вера сонува за морето“ (Vera dreams of the sea), „Моето езеро“ (My lake) и „Ноќ спроти Свети Василиј“ (The night before Saint Basil).
Негов омилен режисер е Стенли Кјубрик, а сака да гледа филмови од секаков жанр и од секаква продукција. Се занимава и со фотографија и вели дека патувањето во Берлин ќе го искористи и за да направи уникатни фотографии.
Неговата порака е – гледајте филмови и уживајте во искуството.