5 ЕВРОПСКИ ФИЛМОФИ ОД ЖЕНИ РЕЖИСЕРИ, ПО ПРЕПОРАКА НА ДИНА ДУМА
Нашиот втор блог-гостин во #ФилмофилитеПрепорачуваат е режисерката Дина Дума, која направи селекција на 5 возбудливи европски филмови режирани од жени
Поддршката на жени режисери во филмската индустрија не е само цел што треба да ја достигнеме. Самиот процес има многу опипливо и вредно влијание во “менување на играта“. Со повеќе жени на клучни позиции во филмот, нивно препознавање и славење, условите за жените во индустријата ќе се подобрат во целост; ќе се постигне поголема разноликост во приказните и перспективите прикажани на големото платно, ќе се промени перцепцијата за женските актерски улоги, и конечно, ќе се овозможи еднакво материјално стекнување и намалување на разликите во хонорарите.
За да го ставиме овој политички и социјален дискурс во акција, ја поканивме режисерката Дина Дума да ни препорача 5 европски филмови направени од жени.
Случајно или не, во сите 5 предложени филмови што ни ги испрати Дина, режисерките се јавуваат и како сценаристи, што за нас е посебна мотивација кога гледаме европски филм. Уживајте!
System Crasher - https://www.imdb.com/title/tt8535968/
Режија: Nora Fingscheidt – Драма (Германија, 2019)
Емотивна приказна, раскажана на поинаков визуелен начин, System Crasher е филм за 9 годишната Бени, која е во потрага по љубов, но поради својата нескротлива природа е принудена да биде избркана од сите сиропиталишта.
Fish Tank - https://www.imdb.com/title/tt1232776/?ref_=fn_al_tt_1
Режија: Andrea Arnold – Драма (Холандија/ Англија, 2009)
Приказнa за Миа, 15-годишна импулсивна девојка, која секогаш е во неволја. Еден топол летен ден нејзината мајка носи дома мистериозен човек кој ветува дека ќе смени сè и ќе внесе љубов во нивниот дом. Соработка на режисерката Андреа Арнолд со директорот на фотографија Robbie Ryan на возбудлив и уникатен синематски начин ги портретира ликовите и нивните светови, кои секогаш се полни со возбуда.
Tony Erdman - https://www.imdb.com/title/tt4048272/
Режија: Maren Ade – Комедија/Драма (Германија, 2016)
Со своите први два филма “The Forest for the Trees” и “Everyone Else” германската режисерка Марен Аде се покажа како господар на одење на емотивна и драматична висока жица, прогресивно соголувајки ги своите ранливи протагонисти од заштитата на социјалните конвенции. Без предупредување татко доаѓа да ја посети својата ќерка во странство. Тој верува дека таа ја изгубила нејзината смисла за хумор и почнува да ја изненадува со несоодветни „шеги“ кои ќе го однесат светот на неговата ќерка во друга насока. Комедија која ќе ве насмее и расплаче во исто време.
Mon Roi (My King) - https://www.imdb.com/title/tt3478962/
Режија: Maïwenn – Љубовна драма (Франција, 2015)
Продирање на внатрешните длабочини на мазохистичка љубов, „Мојот Крал“ е приказна за деструктивна страст со која протагонистката Тони е опседната и од која во исто време сака и не сака да се ослободи. Камерата која е постојано со Тони вешто ќе ве внесе во нејзиниот изместен свет.
Mustang – https://www.imdb.com/title/tt3966404/
Режија: Deniz Gamze Ergüven – Драма (Турција, 2015)
Снимен во мал, приморски град во северна Турција, “Мустанг“ прави културен шок со приказните за неколку тинејџерки и нивното сексуално созревање. Иако дејствието би можело да ја разочара затворената публика, поради нејзината архаична нефлексибилност, емоциите се непорекливо унверзални и препознатливи. А копнежот на младите женски ликови да воспостават свој идентитет и да се заложат цврсто за своите желби, е уште посилно претставено особено вешто.
#ФилмофилитеПрепорачуваат #EuropeanFilmChallenge #СедиДома