3 ДЕБИТАНТСКИ ЕВРОПСКИ ФИЛМОВИ РЕЖИРАНИ ОД ЖЕНИ, ПО ПРЕПОРАКА НА АНА ОПАЧИЌ
На само една недела пред почетокот на Beach Film Festival во Охрид, ја прашавме директорката на фестивалот, режисерката Ана Опачиќ кои 3 европски филмови би и ги препорачала на македонската филмофилска публика.
Ана се реши тесната селекција да ја изведе од минатогодишната програма на Beach Film Festival, како и да вклучи еден филм од овогодинешното издание. По некоја случајност сите три европски филмови што ни ги препорача се режирани од жени, и воедно се и нивни дебитантски дела.
Beach Film Festival ќе се случува под отворнео небо од 22.07 до 25.07 во Охрид, на нова локација - плажата Св. Стефан (пред хотелот Холидеј М), а European Film Challenge се вклучува во програмата на фестивалот со организирање на еднодневна работилница за млади филмаџии на тема: ОД ФИЛМ БЕЗ БУЏЕТ ДО ДОЛГОМТРАЖЕН ФИЛМ, (повеќе тука).
Плус, сите долгометражни филмови кои ќе ги гледате во рамки на порграмата на фестивалот, носат екстра поени во филмскиот предизвик за Венеција.
A SUMMER FULL OF CINEMA! We can't wait! :)
The Pigeon (2018) - https://www.imdb.com/title/tt6083534/
Режија: Banu Sivaci – Драма (Турција) (2018)
The Pigeon е турски филм, а збор што најдобро го опишува овој филм и она што е иманентно на турска кинематографија и естетика е зборот hüzün што во превод би значело меланхолија - емоцијата што преовладува во ова дело. Гледајќи го младиот Jusuf кој времето го поминува на кровот од зградата на неговите родители, дружејќи се со гулаби со коишто чувствува поголема поврзаност отколку со луѓето околу него. Неговиот тивок живот, што за денешните времиња е неразбирлив, се менува во еден момент, а тој е присилен да се сочи со реалноста.
#EuropeanFilmChallenge tip: Овој филм гледај го на VoD платформата Cinesquare.
Angel Face (2018) - https://www.imdb.com/title/tt7534096/
Gueule d'ange (original title)
Режија: Vanessa Filho - Драма (Франција)
Angel face е француска драма што го отвори ланското издание на Beach Film Festival, и освои две награди, Награда за најдобар филм и Награда за најдорбо актерско остварување “Стефан Сидовски“ што ја доби главниот лик во филмот, малечка Ayline Aksoy - Etaix на која ова и беше прва филмска улога. Во оваа слатко-горка приказна ја гледаме прекрасната Marion Cotillard во улога на мајка, која не може да го “напушти“ развратниот живот, и ја напушта ќерка си за да биде со еден маж што го запознава во една пијана ноќ.
Kala Azar (2020) - https://www.imdb.com/title/tt10006160/
Режија: Janis Rafa – Драма (Холандија)
Kala Azar е еден од филмовите што ќе се прикажува на овогодинешното издание на Beach Film Festival. Филмот е снимeн во Грција и тематски може да го сместиме во Weird Greek Wave cinema или Greek New Wave Surrealismm заедно со филмовите на Jorgos Lanthimos. Во филмот станува збор за однос помеѓу животни и луѓе, а главните ликови се возат низ еден грчки град и собират мртви миленици од нивните сопственици и ги носат во крематориум каде што работат.