Филип Гаговски е побeдник во предизвикот #WesternBalkansChallenge

Предизвикот #WesternBalkansChallenge во кој учесниците требаше за 4 недели да изгледаат 4 филмови продуцирани или ко-продуцирани од држава од Западен Балкан, на репертоарот во кино салите, во рамки на локалните филмски фестивали, на телевизија или пак на некоја од легалните видео – стриминг платформи, го прогласи својот победник!

Филип Гаговски освои 169 поени и ја доби наградата патување во Белрад на 14. Интернационален фестивал на документарен филм БЕЛДОКС 2021, од 9. до 16. Септември.

Овој предизвик беше отворен од 14. јуни до 11. јули за филмофилите од Македонија и Србија.