НЕДЕЛА НА ЕВРОПСКИ ФИЛМ
Учествувај во Eвропскиот Филмски Предизвик
Од 11 – ти декември до 17 – ти декември 2021 година, ќе се одржи првото издание на Неделата на европскиот филм, во Младинскиот културен центар (МКЦ), каде што ќе се прикажуваат наградувани европски филмови. Со овој настан, ќе го реализираме последниот Европски филмски предизвик (European Film Challenge) за 2021 година.
Сите љубители на европскиот филм можат да играат во предизвикот и да се „борат“ за три уникатни филмски постери од домашниот уметник, Зоран Кардула. Предизвикот за Неделата на европскиот филм започнува на 11 декември (сабота) и учесниците во рок од 6 денови имаат можнст да проследат 11 европски филмови од програмата во МКЦ. Заинтересираните треба да се регистрираат на веб – платформата https://europeanfilmchallenge.eu/mk и да играат на предизвикот, со внесување на гледаните филмови. За повеќе шанси за победа во предизвикот, филмовите носат и дополнителни поени и тоа попладневната кино – проекција од 16:00 часот, која носи ектра 30 поени и вечерната кино – проекција, од 20:00 часот, која носи екстра 20 поени.
Билетите се бесплатни и можат да се подигнат на билетарата на МКЦ, а програмата за настанот можете да ја погледнете на следниот линк: https://bit.ly/3y0eWUz. За дополнителни, дневни информации следете ја Facebook страната: https://www.facebook.com/EuropeanFilmChallengeMK/ и Инстаграм профилот: @europeanfilmchallenge_mk.
European Film Challenge е млада филмофилска заедница на вљубениците во европскиот филм, желни да го доживеат киното од првите редови преку содржини од зад сцената, филмски препораки и ексклузивен пристап до европските филмови и фестивали.
Проектот во Македонија го имплементира Центарот за социјални иновации Блинк 42 – 21 заедно со европски партнери во 9 држави преку поддршка од програмата МЕДИА – Креативна Европа и Европската филмска индустрија.
Неделата на европскиот филм е во организација на Europe House – Skopje и МКЦ.