Нашиот победник Драган Ристовски препорачува европски филмови
Победникот на Европскиот филмскиот предизвик, Драган Ристовски е љубител на кинематографски дела. Го прашавме кои европски филмови му имаат оставено најголем впечаток и тој ја креираше следната листа.
Победникот на Европскиот филмскиот предизвик, Драган Ристовски е љубител на кинематографски дела од било која земја, а минатата недела го посети и Берлиналето. Го прашавме кои европски филмови му имаат оставено најголем впечаток и тој ја креираше следната листа:
Cinema Paradiso – Ново кино Парадизо
Италијански филм од 1988 година во режија на Џузепе Торнаторе. Филмаџија се присетува на сопственото детство и развој на љубовта кон филмовите во сопственото гратче. Тогаш формира и длабоко пријателство со човекот одговорен за проекција на филмовите. Во 1989, Cinema Paradiso ја освојува најголемата награда на жирито на Канскиот филмски фестивал, во 1990 се закитува и со Оскар и „Златен глобус“ за најдобар странски филм, а следната година и со пет награди БАФТА.
Le Fabuleux Destin d'Amélie Poulain - Чудесната судбина на Амелија Пулен
Амелија е невина и наивна девојка во Париз со сопствени правила за тоа што е правда. Таа одлучува да им помогне на луѓете околу себе и притоа се сретнува со љубов. Филмот е номинар на пет Оскари и има добиено БАФТА за најдобро оригинално сценарио.
Good Bye Lenin! – Збогум Ленин!
Во 1990 година, за да ѝ помогне на својата нежна мајка од фатален шок после долга кома, млад човек мора да ја заштити од тоа да дознае дека Источна Германија како што таа ја познава веќе е исчезната. „Збогум Ленин!” е номиниран за БАФТА за најдобар странски странски филм.
La vita è bella – Животот е убав
„Животот е убав“ на режисерот Роберто Бенини од 1997 година. Иако филмот го прикажува прогонот на Евреите во нацистичките концентрациони логори, сепак режисерот ја обработува темата на оригинален, комичен начин кој ги комбинира чаплиновскиот лик со ликовите од италијанските неореалистички филмови. Филмот освоил три награди Оскар: за најдобар странски филм, за главна машка улога и за музика.
Gypsies Are Found Near Heaven - Циганите летаат на небо
Советски љубовен драмски филм од 1975 година во режија на Емил Лотеану, којшто во голема мера се заснова на расказите „Макар Чудра“ (1892) и „Старицата Изергил“ (1895) од Максим Горки. Дејствието во филмот се одвива во Австроунгарија на почетокот од 20. век и во него е раскажана љубовната приказна меѓу ромската девојка Рада и коњокрадецот Зобар од Горкиевиот расказ „Макар Чудра“. Филмот бил најгледано остварување во СССР во 1976 година со 64,9 милиони продадени влезници.
The Grand Budapest Hotel – Гранд хотел „Будимпешта“
Филмот е во германско-американска копродукција, а режисер и сценарист е Вес Андерсон. Филмот имал 143 номинации, меѓу кои и за наградата „Оскар“ во девет категории, а освоил дури 76 награди, како што се: „Златен глобус“, пет награди на БАФТА, наградата „Сребрена мечка“ на фестивалот во Берлин итн.