ТРИ ЕВРОПСКИ ФИЛМОВИ ПО ПРЕПОРАКА НА ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА АНКЕ ХОЛШТАЈН

Нели ви ветивме лето исполнето со европски филмови?!

Како за крај на ова убаво лето со филмски проекции на отворено, ќе се случува „Неделата на германскиот филм“.

По овој повод, ја поканивме германската амбасадорка во Македонија, Анке Холштајн да биде наша гостинка во #ФилмофилитеПрепорачуваат и да ни препорача три европски филмови.

Таа со нас сподели дека има многу омилени филмови, особено од “новиот бран“ во европската кинематографија, но посебно би сакала да издвои три филмови кои ги смета за антологиски сведоштва на “едни времиња“, кај кои заедничка нишка е реалистичниот филозофски приказ на животот.

 

1.       Wings of Desire (1987) - https://www.imdb.com/title/tt0093191/

Режија: Wim Wanders – Драма ( Германија, Франција)

Ова е еден од ретките филмови што молскавично по својата премиера смени статус од “современ филм“ во “класика“.

Дејствието се одвива на границите на Источен и Западен Берлин, онаму каде што ќе “падне“ ѕидот само 2 години подоцна, по премиерата на филмот, што особено го прави интересно делото на Wenders што ги истражува поделбите, временски јазови, вечното минато и вечната иднина... 

Видливи само за оние како нив и за човечките деца, Дамиел (Bruno Ganz) и Касиел (Otto Sander) се два ангела, кои постоеле уште пред човештвото. Заедно со неколку други ангели, тие се шетаат низ Западен Берлин, набљудувајќи го животот на луѓето, понекогаш обидувајќи се да им обезбедат утеха на проблематичните, иако тие напори не се секогаш успешни.

 

2.       Solo Sunny (1980) - https://www.imdb.com/title/tt0079924/

Режија: Konrad Wolf – Драма (Источна Германија)

 

“Многу реалистичен филм за соништата и падовите на младите во Источна Германија. Филозофски занимлив.“ – вели Холштајн

 

Sunny (Renate Krößner) е пејачка во група што се обидува да се етаблира во музичката сцена на Исток-Берлин. Тие имаат редовни свирки во малите градови, но Sunny се чувствува како да нема контакт со публиката и нејзиниот живот како целина. Таа започнува врска со аматер саксофонист и го проучува филозофот Ралф, кој пишува многу лична песна за неа - но неговата опсесија со смртта и нихилистичкиот начин на живот не е за неа. Откако влегува во кавга со член на групата, која ја малтретира, таа е исфрлена од групата. Напуштена, таа се бори да ја врати контролата над нејзиниот живот.

 

3.       The Perfect Circle (1997) - https://www.imdb.com/title/tt0117555/

Режија: Ademir Kenovic – Драма (Франција, Босна и Херцеговина)

 

Филм за Сараево под опсада, што многу реално го прикажува и неуспехот на меѓународната заедница во справувањето со поделбата на Југославија.

Г-ѓа Холштајн го гледала овој филм во 1997 година, кога била во Брисел и се бавела со активностите за рехабилитација на БИХ од војната, испратена преку Европската Комисија. Во таа мисија, честопати посетувала уништени и напуштени градови и села, па овој филм силно се врежал во нејзиното сеќавање.

 

Филмот раскажува за босански поет, алкохоличар, кој ги испраќа својата сопруга и својата ќерка далеку од Сараево за да ги избегнат неволјите. Набрзо откако ќе остане сам, кај него случајно доаѓаат две братчиња сирачиња, кои се во потрага по својата изгубена тетка. Поетот се дружи со момчињата и заедно се обидуваат да го преживеат хоророт од опсадата на Сараево.