ЕВРОПСКИ ФИЛМОВИ ПО ПРЕПОРАКА НА АМБАСАДОРОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА – САМУЕЛ ЖБОГАР
„Не сум голем познавач на филмската уметност, јас едноставно уживам да гледам филмови. Гледам секакви филмови, но претпочитам европски, независни, уметнички филмови- вели Жбогар.“
Делегацијата на Европската Унија е поддржувач на European Film Challenge и изминатите месеци Europe House Skopje беше домаќин на отворени проекции на европски филмови на кои имавме одлична дружба.
Во нашиот четврт блог пост, го поканивме Амбасадорот на Европската Унија – Самуел Жбогар, како вистински филмофил, љубител и промотор на европскиот филм, и поддржувач на македонската кинематографија и продукција, да го сподели со нас својот личен избор на европски филмови.
„Не сум голем познавач на филмската уметност, јас едноставно уживам да гледам филмови. Гледам секакви филмови, но претпочитам европски, независни, уметнички филмови- вели Жбогар.“
Да избере само 3 филмови кои лично му се допаѓаат, за Амбасадорот било предизвик. Токму затоа, за почеток, му дал правец на својот избор преку европските режисери што ги сака: Federico Fellini, Francois Truffault, Luc Besson, Pedro Almodovar, Krzysztof Kieslowski. И потоа се навратил на филмовите од нивната филмографија што ги гледал повеќе од еднаш, а што би ги гледал повторно, во секое време.
Еве го неговиот избор на 3 филмови од различни периоди:
1. La Strada (F.Fellini, 1954) - https://www.imdb.com/title/tt0047528/
La Strada е еден од најубавите и најемотивни филмови што сум ги гледал. Тоа е филм за невиноста и добрината, за една труба и Gulietta Masina. Филм за кој не се срамам да признам дека ми се насолзиле очите гледајќи.
2. Subway (L.Besson, 1985) - https://www.imdb.com/title/tt0090095/
Филм што ме освои за време на моите универзитетски денови во Љубљана, како и повеќето филмови од француската “cinema du look“. Тоа беше време на промени и транзиција, читавме Mladina, ги слушавме Laibach и сите бевме по малку бунтовници. Subway припаѓа на тој период од мојата младост. И се разбира, се наоѓа на оваа листа и поради Isabella Adjani.
3. Three Colours: Blue (K.Kieslowski, 1993) - https://www.imdb.com/title/tt0108394/
Првиот од трилогијата Three colours (Blue, White, Red) на K.Kieslowski е мојот омилен. Филм ‘во сино’ за загубата и страдањата, со одлична музика што го прати дејствието И со Juliette Binoche.
"Why are you crying?" "Because you are not."
4. бонус филм – словенечкиот филм Vesna (F.Cap, 1953) - https://www.imdb.com/title/tt0046504/
Vesna е еден од најдобрите и најгледаните словенечки филмови. Безвремена романтична комедија за тројца студенти кои изнаоѓаат пократки начини да го положат последниот испит. Следејќи ја актуелната ситуацијата, каде што владата одлучува што ќе се случува со матурскиот испит оваа учебна година, овој филм би бил интересен избор. Филмот, исто така, е пример за придонесот на мигрантите во културното наследство во нивната нова земја, бидејќи режисерот Frantisek Cap e од чешка националност.