Денес започнува #WesternBalkansChallenge
Денес, во рамките на платформата #EuropeanFilmChallenge_МК започнува новиот филмски предизвик, #WesternBalkansChallenge, за филмофилите од Србија и Македонија.
Предизвикот е отворен од 14. јуни до 11. јули во кој учесниците ќе треба за 4 недели да изгледаат 4 филмови продуцирани или ко-продуцирани од држава од Западен Балкан на репертоарот во кино салите, во рамки на локалните филмски фестивали, на телевизија или пак на некоја од легалните видео – стриминг платформи.
За време на предизвикот ќе бидат промовирани многу филмови кои ќе носат екстра поени, дополнителна адуио-визуелна содржина, интервјуа и игри што ќе му помогнат на победникот да освои најмногу поени и да отпатува во Белград на 14. Интернационален фестивал на документарен филм БЕЛДОКС 2021, од 9. до 16. септември.
Официјално, #WesternBalkansChallenge започнува вечерва со специјалната проекција на филмот 18% Grey (2020) во Кино Фросина (МКЦ) во 20:30 часот во рамки на одбележувањето на Денови на Креативна Европа МЕДИА .
Сите што сакаат да го проследат филмот 18% Grey вечерва потребно да направат резервација преку следниот линк. Филмот носи екстра 40 поени во #WesternBalkansChallenge.
Љубителите на филмот можат да се вклучат во предизвикот со регистрација на https://europeanfilmchallenge.eu/mk/, и да го следат на социјалните медумуми Facebook и Instagram.