5 ЕВРОПСКИ ФИЛМОВИ ШТО ЌЕ ТЕ РАСПОЛОЖАТ ВО КАРАНТИН, ПО ПРЕПОРАКА НА САШКО ПОТЕР МИЦЕВСКИ

Од комедија за непочитувањето на владините карантински мерки за време на напад на зомбија во Лондон, до шпански хорор за непознат вирус што се шири во зградата и резултира со невообичаено однесување на станарите - заклучивме дека ова е откачена листа со филмски предлози. Dare to watch :)

Го прашавме Сашко Потер Мицевски, филмски монтажер и дизајнер на звук, да ни предложи 5 европски филмови што ја “промениле играта“ со специјални ефекти во европската кинематографија. На ова, тој ни врати со 5 европски филмови што ќе нѐ расположат во карантин. Even better :)

Инаку Сашко е филмаџија кој работи во сектор пост-продукција, најчесто базиран во Лондон, Штип или Скопје. Дизајнер на звук на преку 50 кратки филмови, неколку документарни серии и едно брдо анимирани филмови. Режисер е на популарниот документарец “(Вон)земјанинот Ли”, а монтажер на ТВ серијата “ПРЕСПАВ”. Во 2018 година работи како асистент на звук на филмовите “Sherlock Gnomes”, “Mowgli” и “Fantastic Beasts 2: The Crimes of Grindelwald”

Еве ги неговите препораки:

Shaun of the Dead - https://www.imdb.com/title/tt0365748/

Режија: Едгај Рајт - Хорор/Комедија (Ангија) 2004

Комична приказна за непочитувањето на владините мерки да се седи дома за време на напад на зомбија во Лондон. Шон и неговиот цимер Ед се впуштаат во хорор комична авантура да ја спасат мајка му на Шон и неговата неодамнешно бивша девојка Лиз и сите да се упатат кон (според Шон) најбезбедното место во Лондон, пабот Винчестер, каде што ќе пијат ладно пивце и ќе почекаат да помине кризата. Достапен за гледање на Нетфликс.

Astérix & Obélix: Mission Cléopâtre - https://www.imdb.com/title/tt0250223/

Режија: Алаин Шибат - Комедија (Франција) 2002

Легендарните Астерикс и Обеликс, заедно со нивниот друид и куче патуваат во Египет за да ѝ помогнат на Клеопатра и нејзиниот шашав архитект да изградат огромна палата за само 3 месеци за да му докажат на Цезар дека Еѓипјаните се сеуште најголемата нација што постои. Пресмешен стриповски филм со едно брдо филмски и музички референци и хумор што навидум е само соодветен на анимирани филмови. Достапен за гледање на Нетфликс.

Crimen Ferpecto - https://www.imdb.com/title/tt0395125/

Режија: Алекс Де Ла Иглесија - Црна комедија (Шпанија) 2004

Рафаел, заводлив женскар, е менаџер на продавица за женски алишта во шопинг центар. Зголемена тензија со конкурентен колега од работа го приморува Рафаел да изврши убиство. Убиство кое го посведочува не-толку-привлечната Лордес која го извлекува Рафаел од листа на осомничени со тоа што му нуди алиби, и го уценува тој да се ожени со нејзе. Цел овој притисок го донесува Рафаел до раб на лудиво низ серија комични секвенци во трговскиот центар. 

Submarine - https://www.imdb.com/title/tt1440292/

Режија: Ричард Ајоејд - Комедија/Драма/Романса (Англија) 2010  

15 годишниот Оливер Тејт има 2 мисии: Да ја изгуби својата невиност до неговиот роденден и да го спаси бракот што пропаѓа на неговите родители со тоа што ќе го згасне огнот меѓу неговата мајка и нејзиниот бивши љубовник кој се појавува пак во нејзиниот живот. Одличен дебитански филм, свеж, смешен, превртлив и вистиски скапоцен камен од филм.

[REC] и [REC]2 - https://www.imdb.com/title/tt1038988/ и https://www.imdb.com/title/tt1245112/

Режија: Жаум Балагуеро и Пако Плаза - Хорор/Мокументарен (Шпанија) 2007,2009 

2 хорор филма поврзани. Репортерката Ангела Видал прави репортажа за животот на пожарникари во Барселона. На ноќта кога ја снима репортажата пожарникарите добиваат повик за итен случај во зграда во кој стара жена е загалвена во нејзиниот стан и вриска. По нивното пристигнување во зградата се појавуваат уште голем дел сомнителни случаеви за непознат вирус што се шири во зградата и резултира во невообичаено однесување на станарите. Згадата набргу е претворена во карантин за да се задржи вирусот да не излезе од нејзе. Во продолжетокот на овој серијал, специјалци се приклучуваат во мисијата да ги спасат преживеаните од овој мистериозен масакар во карантинот. Тензични, динамични и одлични хорор приказни. Снимен во мокументари стил (бленд меѓу документарно и играно). Постои американска верзија на приказнава со име “Quarantine” што е ни приближно страшна како ова.

Гледај ги филмовите што ги препорачува Сашко Потер на легалните стриминг платформи од својот дом и додај ги на платформата на European Film Challenge. Шансите за победа се сѐ уште големи! :)

#СедиДома #EuropeanFilmChallenge