3 ЕВРОПСКИ ФИЛМОВИ ШТО ГО ИНСПИРИРАА МИЛЧО МАНЧЕВСКИ НИЗ КАРИЕРАТА

Милчо Манчевски за #ФилмофилитеПрепорачуваат и блогот на #EuropeanFilmChallenge

Го поканивме Милчо Манчевски да сподели со нас 3 филмови што го инспирирале низ кариерата. Манчевски за нашиот блог пост  #ФилмофилитеПрепорачуваат издвои 3 антологиски европски филмови што со своето остварување означиле некаков mile-stone во европската кинематографија и секако, инспирирале бројни гледачи и филмски работници.

Во продолжение е една кратка, но прецизна листа за филмско описменување, викенд уживање и креативно визуелно продирање:

Persona - https://www.imdb.com/title/tt0060827/?ref_=vp_back

Режија: Ingmar Bergman – Драма/Трилер (Шведска, 1966)

Младата мединсцка сестра Алма, е одговорна за грижата кон Елизабет Воглер - актерка која навидум е здрава во секој поглед, но не зборува. Во времето кое тие го минуваат заедно, Алма постојано и зборува на Елизабет, но никогаш не добива повратен одговор. Алма ги открива своите тајни пред очигледно емпатичната Елизабет. Одговорите кои подоцна започнува да ги добива од Елизабет, Алма ги доживува како терапија за своите лични проблеми и почнува да ги користи во трансформацијата на својата личност, која се стреми да биде повеќе како Елизабет. „ Радост во темницата. Креативна радост во менталната темница “ - вели Манчевски за ова филмско остварување. 

Dekalog - https://www.imdb.com/title/tt0092337/

Режија: Krzysztof Kieslowski – Драма (Полска, 1966)

Декалог е серијал од десет краткометражни приказни, креирани за Полската телевизија чија соджина се базира на Десетте заповеди. Режирани под палката на Krzysztof Kieslowski, два од овие филмови, Декалог 5 и Декалог 6, се пократки од другите. Едниот од кои ја обработува темата на убивањето, додека другиот ја разработува темата на љубовта. Овој серијал ја раскажува приказната на луѓе кои патат од емотивен немир и конфликтот кој настанува кога се судруваат нивните постапки по инстинкт и моралната одговорност која ја носат од друга страна. Манчевски вели дека овој филм е „Систинска капела на кинематографијата“. 

 

Breathless (French: À bout de soufflé) – https://www.imdb.com/title/tt0053472/

Режија: Jean-Luc Godard – Крими/Драма (Франција, 1960) 

Breathless е еден од првите највлијателни филмови на француското кино во периодот на новиот бран (nouvelle vague cinema). Breathless е крими – драма од 1960 година, напишан и режиран од Jean-Luc Godard, за скитник криминалец (Jean-Paul Belmondo) и неговата американска девојка  (Jean Seberg).  Овој филм Манчевски го препорачува со загадочна мисла: “Понекогаш е поважно да си играш одошто да знаеш. “