ГОЛЕМИТЕ МОДНИ ИМИЊА ВО ЕВРОПСКАТА ФИЛМСКА ИНДУСТРИЈА
European Film Challenge ве води на архивско патување низ историјата на филмот и модата.
Гледај ги филмовите што ги избравме за тебе и будно следи ги модните детали. Ова е забавно архивско патување низ историјата на филмот, каде што модните дизајнери “замешале прсти“.
BELLE DU JOUR, 1967 – YVES SAINT LAURENT
https://www.imdb.com/title/tt0061395/
Кога станува збор за создавање впечатливи костими за карактерот на буржоаска домаќинка која ги поминува своите ноќи работејќи како проститутка од висока класа во прочуенито филм на Luis Buñuel, Yves Saint Laurent е совршен избор. Дизајнерот ја облече Catherine Deneuve во строги црни чорапи, стилизирани капачиња и серија на кожни палта со крзно, сива волна и црн сатен. За филм што неодамна ја прослави својата 50-годишнина, изборот на костими изгледа извонредно модерно.
BARBARELLA, 1968 – PACO RABANNE
https://www.imdb.com/title/tt0062711/
Костимите во филмот Barbarella од 1968 година се чиста, непобедлива иновативност. Jane Fonda ја игра улогата на главна хеорина на вселенска авантуристичка мисија во која цел е да спречи злобен научник да ја уништи галаксијата. Вреди да се внимава модните детали во филмот: испреплетени синџири, надуени каросерии корсети и пластични чизми високи до бутовите, накитени со мачкини очи.
AND GOD CREATED WOMAN, 1956 – PIERRE BALMAIN
https://www.imdb.com/title/tt0049189/
Емотивната мелодрама на Roger Vadim која ја прослави неговата тогашна сопруга Brigitte Bardot во ѕвезда преку ноќ. Филмот своевремено е сметан за контроверзен, и предизвикал мешаница по премиерата во 1956 година, но Brigitte Bardot останува главна тема со својата привлечност на големото платно. Честопати разголена, со бујни усни и испреплетена коса, таа е вистинска елеганција во пастелни фустани - кошули, блузи со бродски врат и здолништа со молив крој, дизајнирани од Pierre Balmain.
LAST YEAR IN MARIENBAD, 1961 – COCO CHANEL
https://www.imdb.com/title/tt0054632/
Снимен во беспрекорнo црно-бел формат, драмата на Alain Resnais што освои Златниот лав е убедлив претставник на францускиот нов бран. Во центарот на дејствието е една мистериозна двојка, одиграна од Delphine Seyrig и Giorgio Albertazzi, кои се среќаваат во барокен хотел. Елегантната гардероба на карактерите, составена од мали црни фустани, долги шифон наметки, пердуви и исечени капачиња, ја креираше Коко Шанел. Наследникот на Коко Шанел, Карл Лагерфелд, исто така, му оддаде почит на филмот, со незаборавно шоу за време на неговата ревија во 2011 година, кога моделите дефилираа во реплики на костимите од филмот.
MAÎTRESSE, 1975 – KARL LAGERFELD
https://www.imdb.com/title/tt0074883/
Додека извршува кражба во париски стан, крадец открива тајна соба за тортура и доминација. Така започнува филмот на Barbet Schroeder во 1975 година, во кој играат Gérard Depardieu и Bulle Ogier, кои се симнуваат во подземен свет на садомазохизам и лишување од слобода. Karl Lagerfeld, тогаш како креативен директор на Chloé, ги дизајнираше провокативните костими на Bulle Ogier. Преку ден носи свилена долна облека и лелеави пижами, додека доцните ноќи се резервирани за кожни панталони, нараквици со должина до лактот, виолетови наметки, црни перики и сенка за очи во сини нијанси.