НАГРАДИ
Главна награда во вториот предизвик на овогодинешниот European Film Challenge е посета на меѓународниот филмски фестивал во Берлин (Берлински Филмски Фестивал). Ние ќе ги покриеме трошоците за летот, сместувањето и акредитацијата или билетите на победниците. Сите други трошоци треба да го покријат победниците.
Во случај овој фестивал да биде откажан поради ситуацијата со вирусот Ковид-19 или доколку постојат рестрикции за патување на победникот ќе му биде понудена материјална награда.
Освен главната награда, учесниците во предизвикот и овој круг ги очекуваат и неколку мини предизвици и награди за љубители на филм.